ПРВ.мк
Црна Хроника

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа

Во канал во близина на јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 септември 2026 година, околу 16 часот, во Полициската станица Карпош.

Според пријавата, телото било забележано во канал во близина на оградата на јавна здравствена установа во Бардовци.

На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а телото било подигнато и предадено на обдукција. Повеќе детали за идентитетот на починатото лице и причините за смртта засега не се наведени.