Во кочанското село Зрновци, во близина на Зрновска Река, беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање, кое било обезглавено и без други делови. Телото е пронајдено во местото викано Ѓошевски Орев, а засега нема информации за нејзината идентификација.
Полицијата, пожарникарите и јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани денеска го пребараа поширокиот терен. Се истражува дали на телото влијаел човек или животни, а истрагата ќе ги утврди и причините и временската рамка на смртта, што е клучно за идентификацијата и за насоката на понатамошната истрага.
Од МВР информираат дека пријавата за телото пристигнала околу 10:40 часот во СВР Штип, по што веднаш биле преземени мерки за увид и расчистување на случајот.
Жителите на Зрновци се потресени и посочуваат дека никој од нив не бил пријавен како исчезнат, ниту се барал од властите. Обдукцијата и истрагата ќе бидат клучни за разјаснување на оваа трагична и мистериозна смрт.


















