ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент на граничниот премин Јажинце - деталите вознемирувачки

Инцидент на граничниот премин Јажинце - деталите вознемирувачки

Педесет и четиригодишен жител на тетовското село Џепчиште е приведен на Граничниот премин Јажинце, откако при гранична контрола се однесувал агресивно кон царински службеник.

Според информациите од МВР, на 24 јуни 2026 година во 21:30 часот, на влез во државата, полициски службеници на Граничниот премин Јажинце го лишиле од слобода Б.М. (54) од село Џепчиште, тетовско.

При граничната контрола и извршената проверка, тој покажал агресивно однесување кон царински службеник.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.