ПРВ.мк
Црна Хроника

БОМБА ПРЕД НОВ ПЕКОЛ: Либан упати последно предупредување!

БОМБА ПРЕД НОВ ПЕКОЛ: Либан упати последно предупредување!

Иако на хартија владее десетдневен прекин на огнот, ситуацијата на теренот меѓу Израел и Либан е на самиот раб на нова ескалација! Првиот човек на либанскиот парламент, Набих Бери, упати моќна и застрашувачка порака: Либан нема да отстапи ниту еден метар од својата територија, а израелските војници ги чека пекол ако веднаш не заминат.

Израелските трупи сè уште цврсто стојат на либанска почва, тврдејќи дека создаваат заштитна зона за своите северни градови. Но, за Бери и неговите сојузници од Хезболах, ова е чиста окупација. „Ако Израел продолжи да црта жолти линии на наша земја, секој ден ќе го чувствува здивот на отпорот врз својот врат“, дециден е лидерот на движењето Амал.

Оваа закана доаѓа само еден ден пред клучните разговори во Вашингтон, каде дипломатите ќе се обидат да го спасат кревкото примирје. Бројките се поразителни: од почетокот на конфликтот на 2 март, во Либан загинале 2.454 лица, додека над 7.600 се повредени. Границата е натопена со крв, а омразата е поголема од кога било.