ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО ФАБРИКА: Индустриски робот уби работник - ова се деталите!

ТРАГЕДИЈА ВО ФАБРИКА: Индустриски робот уби работник - ова се деталите!
Kristal

Утринава во фабрика во скопската населба Ѓорче Петров се случи трагичен инцидент во кој животот го загуби работник додека управувал индустриски робот за пакување на готови производи, објави порталот 24 Инфо.

Според неофицијални информации, при управувањето со роботот дошло до неконтролирана секвенца на работа, што резултирало со смртта на работникот. Засега не е јасно дали инцидентот е предизвикан од технички дефект на роботот, пропуст во безбедносните протоколи или грешка во софтверот.

Полицијата и Инспекторатот за труд веднаш излегоа на лице место и ја обезбедија фабриката за да се спроведе целосна истрага.

Технички тимови веќе работат на анализа на системот и опремата, додека официјални детали за причините за несреќата се очекуваат во наредните денови.

FixCredit
Escape