ПРВ.мк
Црна Хроника

БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Маж и жена заминале на одмор од соништата, па настрадале на језив начин!

БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Маж и жена заминале на одмор од соништата, па настрадале на језив начин!

Тие загинале за време на излет кога се скршиле дрвените даски додека преминувале висечки мост во неделата наутро, во популарната туристичка дестинација Кунка Вуланг на островот Флорес.

На видеоснимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека се скршени неколку даски на мостот кој, според тврдењата на очевидците, се урнал за неколку секунди, јавува „Кронен цајтунг“.

„Одеа еден покрај друг и се смешкаа во камерата. Одеднаш слушнав многу гласен звук на кршење дрво, како да паѓа голема гранка. За неколку секунди, мостот се урна, а туристите паднаа во пропаст длабока околу 20 метри“, изјавил еден очевидец.

Мостот е затворен до понатамошно известување. Полицијата спроведува истрага. Висечките мостови во оддалечените делови на Индонезија се популарни за фотографирање, но многу од нив не се проверуваат редовно. Исто така, смртоносните несреќи се постојан проблем во Индонезија, особено на оддалечените атракции.