ПРВ.мк
Црна Хроника

НАПАД ВРЗ ТУРИСТИ СРЕД СКОПЈЕ: Туристи нападнати сред бел ден - ова се деталите!

НАПАД ВРЗ ТУРИСТИ СРЕД СКОПЈЕ: Туристи нападнати сред бел ден - ова се деталите!

Во централното градско подрачје на Скопје претпладнево се случил инцидент, при што двајца странски државјани биле физички нападнати по расправија поврзана со сместување.

Според информациите од СВР Скопје, на 31 јануари околу 13:00 часот, Р.Б. (64) и Ј.Б. (41), двајцата од Украина, пријавиле дека околу 11:30 часот во населбата Центар, по претходно недоразбирање околу резервација за сместување, биле нападнати од едно лице.

По инцидентот, случајот веднаш бил пријавен во полиција. Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на идентитетот и одговорноста на напаѓачот.

Засега нема информации за степенот на повредите, ниту дали осомниченото лице е приведено.

Најнови вести