Регионалната јавност утрово ја вознемири веста за наводната смрт на хрватската старлета и поранешна учесничка во реални шоуа, Ава Карабатиќ.
Според српските медиуми, на нејзините профили на социјалните мрежи се појавиле пораки во кои лица што се претставуваат како нејзини блиски пријатели тврдат дека таа трагично го загубила животот во Загреб.
Сепак, засега нема независна официјална потврда за нејзината смрт.
Особено внимание предизвикала емотивната порака објавена на Инстаграм, во која Карабатиќ наводно му се заблагодарува на близок пријател за поддршката.
„Единствено ти ми посакуваше добро, покрај семејството и мојата Вања Јованиќ, но јас повеќе немам сила, прости ми“, се наведува во дел од објавата.
Во продолжение на пораката стои и апелот: „Поздрав до сите и бидете силни, нека мојата порака биде за сите“.
На социјалните мрежи се појавила и објава потпишана од жена која се претставува како нејзина пријателка Цвита, а во која се тврди дека Карабатиќ починала.
Дел од регионалните медиуми пренесуваат и видеоизјава од нејзиниот пријател Марио Томас, кој емотивно зборува за случувањата.
По објавите следувале бројни пораки со сочувство, но и сомнежи во вистинитоста на информациите.
Засега не е независно потврдено кој управува со нејзините профили, ниту дали објавените тврдења се точни.
Се очекуваат официјални информации што ќе ги разјаснат околностите.






