ПРВ.мк
Црна Хроника

АЛАРМ ВО СКОПЈЕ: Исчезна жена, апел за помош до граѓаните - еве каде последен пат е видена!

АЛАРМ ВО СКОПЈЕ: Исчезна жена, апел за помош до граѓаните - еве каде последен пат е видена!
Kristal

Во раните утрински часови исчезнала 72-годишната Марика Илиевска, по што семејството и блиските апелираат за итна помош од граѓаните. Според достапните информации, таа последен пат била забележана околу 08:30 часот во близина на трговскиот центар Лептокарија, во населбата Карпош 3.

Илиевска во моментот на исчезнувањето била облечена во сива јакна, а според претпоставките, можно е да носела и шешир. Станува збор за лице со деменција, што дополнително ја зголемува загриженоста и ја прави секоја минута исклучително важна.

Семејството упатува апел до сите граѓани кои можеби ја забележале или имаат било каква информација поврзана со нејзиното движење или моментална локација, веднаш да се јават на телефонскиот број 070 781 111. Брзата реакција може да биде клучна за нејзино безбедно пронаоѓање.

FixCredit
Escape