ПРВ.мк
Свет

САД алармираат: Се спрема голем напад врз Украина - ова е клучниот датум!

САД алармираат: Се спрема голем напад врз Украина - ова е клучниот датум!
Kristal

Американската амбасада во Киев предупреди на можноста од значаен воздушен напад врз целата територија на Украина во наредните денови. Соопштението, објавено на социјалната мрежа Икс од Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател, ги повикува американските државјани да бидат подготвени веднаш да побараат засолниште во случај на воздушна тревога.

Ваквите предупредувања се објавуваат кога постојат разузнавачки информации за можни напади од руската војска. Украина веќе со недели се соочува со интензивни ракетни и дронски напади врз енергетската инфраструктура и градовите, а властите во Киев предупредуваат на можни нови бранови масовни удари.

FixCredit
Escape