ПРВ.мк
Црна Хроника

СКОПЈЕ ПОД ТЕНЗИЈА: Група спречувала апсење во Чаир - еве како постапила полицијата!

СКОПЈЕ ПОД ТЕНЗИЈА: Група спречувала апсење во Чаир - еве како постапила полицијата!

На 23 април околу 18:45 часот во скопската општина Чаир се случил инцидент при полициска акција за приведување на осомничено лице.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, тројца полициски службеници преземале службени дејствија за приведување лице осомничено за кривично дело, кога група од околу десетина лица активно се вмешала и го попречила приведувањето.

Полицијата најпрво издавала наредби за повлекување, но бидејќи тие не биле почитувани, службениците испукале предупредувачки куршуми во воздух.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности, вклучително и идентификација на лицата кои го попречувале службеното дејствување.