ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО КАВАДАРЦИ: Насилство во семејството заврши со апсења - МВР со детали!

ДРАМА ВО КАВАДАРЦИ: Насилство во семејството заврши со апсења - МВР со детали!
Kristal

Во Кавадарци полицијата привела две лица по одделни пријави за семејно насилство, информираа од СВР Велес.

Првиот случај се однесува на 48-годишниот С.Ј., кој бил лишен од слобода откако било пријавено дека во семејниот дом физички го нападнал својот 74-годишен татко и му упатувал закани. По интервенцијата, тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, полицијата го привела и 40-годишниот Ѓ.И., кој според пријавата физички ја нападнал својата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал. Настанот се случил во неговиот дом, по што веднаш била извршена полициска интервенција.

И тој бил задржан во полициска станица, а надлежниот обвинител е известен. По завршување на постапката, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од СВР Велес информираат дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случаите.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo