ПРВ.мк
Црна Хроника

Кенија се соочува со трагедија: Поплавите носат смрт и огромни штети - ова е бројот на жртви!

Кенија се соочува со трагедија:  Поплавите носат смрт и огромни штети - ова е бројот на жртви!
Kristal

Најмалку 62 лица загинаа во Кенија во текот на изминатата недела поради обилните дождови што предизвикаа големи поплави, соопштија властите. Пред една недела бројот на жртви изнесувал 42.

Во текот на ноќта биле спасени 11 лица откако минибус-такси, познато како „матату“, останало заглавено во надојдената вода во главниот град Најроби. Спасени биле и две деца од поплавена куќа.

Бујичните поплави, предизвикани од излевање на реките, поплавиле домови, оштетиле улици, електрична и водоводна мрежа, а дел од училиштата и мостовите биле затворени.

Министерството за внатрешни работи предупреди дека обилните дождови и понатаму претставуваат ризик од нови поплави и ги повика жителите на низинските подрачја да се евакуираат на побезбедни места. Повеќе од 2.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште, додека операциите за спасување и потрага по исчезнати лица продолжуваат низ целата земја.

Најтешко погоден е Најроби, каде што загинале 33 лица, делумно поради лошата одводна инфраструктура и нередовната градба која го попречува протокот на реките. Жителите на населбата Парклендс велат дека властите не реагирале навреме и дека самите морале да чистат блокирани канали.

Претседателот Вилијам Руту изјави дека се чистат канализациските системи и се доставуваат итни залихи на храна и медицинска помош.

Слични катастрофи се случуваат и во соседна Етиопија, каде што повеќе од 100 лица загинале во поплави и лизгање на земјиштето. Експертите предупредуваат дека климатските промени го зголемуваат ризикот од екстремни врнежи, а глобалната температура веќе е зголемена за околу 1,1°C од почетокот на индустриската ера.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo