ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А. (25), Д.К. (35), Р.К. (18) и Р.К. (21) од Скопје за грабнување и соизвршителство.
Според полицијата, четворицата ја следеле 23-годишната девојка од Скопје, а потоа насилно ја внеле во автомобил на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
Случајот е во тек и се спроведуваат натамошни истражни активности.

















