Автомобил „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки се запалил додека бил во движење во близина на Граничниот премин Ќафасан, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен на 22 јуни околу 17:30 часот. Возилото го управувал 55-годишниот В.Л. од струшкото село Радолишта.
Во инцидентот нема повредени лица. На местото интервенирале полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Ќафасан, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
Засега не се соопштуваат причините за избувнувањето на пожарот.








