На 11 март 2026 година, околу 02:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода В.Т. (40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал својот 61-годишен татко.
По инцидентот, осомничениот му го опожарил патничкото возило на таткото. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил брзо изгаснат, а на местото на настанот извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје.
По целосно документирање на случајот, против В.Т. ќе следува соодветна пријава.


















