Во текот на ноќта меѓу 24 и 25 април 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје привеле шест лица на различни локации во Скопје поради поседување дрога.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, лишени од слобода се О.Р.В.Ц. (27) од Велика Британија, како и пет скопјани: Е.Б. (27), У.М. (19), Д.Г. (28), А.Н. (27) и Т.К. (20).
При извршените претреси кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави против приведените лица.






