ПРВ.мк
Црна Хроника

ТУРИСТИЧКА ТРАГЕДИЈА: 28 лица извлечени од потонатото бротче - еве уште по колку се трага!

ТУРИСТИЧКА ТРАГЕДИЈА: 28 лица извлечени од потонатото бротче - еве уште по колку се трага!
Kristal

Туристичкото бротче „Ла Вила“ потона во Црвеното Море, во близина на пристаништето Хамата, јужно од египетскиот туристички центар Марса Алам, но сите 28 лица на бродот беа успешно спасени, јавува „Ал Ахрам“.

На бродот имало 20 туристи од различни националности и осумчлен египетски екипаж. Бротчето удрило во морското дно и се заглавило, но блиски пловни објекти помогнале сите да бидат евакуирани и безбедно враќени на брегот. Во несреќата нема загинати или повредени.

Надлежните органи започнаа истрага за утврдување на причините за инцидентот.

Ова не е прв ваков случај во регионот: во ноември 2025 година, туристичко бротче потона во близина на Марса Алам, при што сите 30 лица беа спасени. Една година претходно, во сличен инцидент со бродчето „Си Стори“ кај истото одморалиште загинаа 11 лица, а во март 2025 година при потонување на туристичка подморница кај Хургада загинаа шест лица, а девет беа повредени.

FixCredit
Escape