ПРВ.мк
Црна Хроника

ЛУДИЛО НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ГОСТИВАР - ТЕТОВО - двајца возачи завршија во полиција!

ЛУДИЛО НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ГОСТИВАР - ТЕТОВО - двајца возачи завршија во полиција!

На патниот правец Гостивар–Тетово, во текот на истиот ден, полицијата приведе двајца возачи кои управувале товарни возила во спротивен правец од дозволениот, со што сериозно ја загрозиле безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Првиот случај бил регистриран на 27 јуни 2026 година околу 11:30 часот, кога полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.М. (30) од селото Боговиње.

Според информациите, тој управувал товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење, создавајќи сериозна опасност за останатите учесници во сообраќајот.

Само еден час подоцна, околу 12:30 часот, на истиот патен правец, кај наплатната рампа Тетово, полициските службеници интервенирале и во втор случај.

Таму бил лишен од слобода М.Д. (55) од селото Фалише, кој управувал товарно возило „Фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки и исто така се движел во спротивен правец од дозволениот.

Двајцата возачи биле приведени во полициска станица, каде што биле преземени сите потребни службени дејствија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на двата случаи, против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законските прописи.