На 31 јануари 2026 година, во 03:22 часот, во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, непознат сторител фрлил две стаклени шишиња со запалена непозната течност кон нивната семејна куќа.
Едното шише паднало во дворот, во близина на паркирано товарно возило, додека второто шише удрило на терасата на куќата и предизвикало пожар. Пожарот бил брзо изгаснат од членовите на семејството, при што немало повредени лица.
На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата, а во тек се сите мерки за целосно расчистување и откривање на сторителот. Случајот се третира сериозно, бидејќи се работи за намерно запалување што може да доведе до сериозна опасност по животот и имотот на граѓаните.

















