ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕСРЕЌА НА РАБОТНО МЕСТО ВО КЛИНИЧКИОТ КОМПЛЕКС! Вработена се здобила со тешки телесни повреди - еве што се случило!

НЕСРЕЌА НА РАБОТНО МЕСТО ВО КЛИНИЧКИОТ КОМПЛЕКС! Вработена се здобила со тешки телесни повреди - еве што се случило!

51-годишна жена од Скопје, вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобила со тешки телесни повреди додека ги извршувала своите работни задачи во кругот на клиниката.

Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен на 23 октомври 2026 година, во 14:20 часот. Жената пријавила дека повредите ги добила околу 12:40 часот истиот ден.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при клиничкиот комплекс.

На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

Најнови вести