Скопската полиција поднесе кривична пријава против 58-годишниот Н.Н. од Скопје за кривичните дела „лажно претставување“ и „неовластено тргување и држење оружје“.
Инцидентот се случил за време на рутински полициски преглед, кога осомничениот се претставил како полициски службеник, покажувајќи службена легитимација на МВР за да ја избегне контролата. Полицајците брзо утврдиле дека станува збор за пензиониран службеник без овластувања.
При претрес на неговата чанта, кај него биле пронајдени и одземени рамка за пиштол, муниција и метален бокс. Против Н.Н. ќе следи соодветна кривична постапка за сторените дела.


















