ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Градско: Двајца повредени, сопатничка префрлена во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Градско: Двајца повредени, сопатничка префрлена во Скопје
Escape

На автопатот Велес-Градско вчера се случи сообраќајна несреќа кога патничко возило „БМВ“, управувано од 32-годишниот С.В. од Босна и Херцеговина, излетало од патот.

Во несреќата, неговата сопатничка, 26-годишната Т.Р., исто така од Босна и Херцеговина, се здобила со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во Општа болница Велес, таа беше пренесена во Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување поради скршеници на потколеница и надлактица.

Возачот С.В., кој има полесни повреди, останува на лекување во велешката болница.

Увидната екипа на СВР Велес изврши увид на местото на несреќата. Портпаролот Биљана Ѓаковска и докторот Ванчо Граматов од ЈЗУ Општа болница Велес ги информираа медиумите за деталите околу несреќата и здравствената состојба на повредените.

Mia Home Mavrovo