ПРВ.мк
Црна Хроника

Како на филм: Кавадарчанец го убил братот и го закопал во помошен објект од заедничката куќа

Како на филм: Кавадарчанец го убил братот и го закопал во помошен објект од заедничката куќа
Escape

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 43-годишниот С.И. од Кавадарци, осомничен за убиство.

Тој се сомничи дека на 27 јули 2025 година, во семејниот дом, со метален предмет му нанел повреди на својот брат И.И. (42), кои биле фатални. По убиството, телото го закопал во помошен објект во дворот на куќата.

Исчезнувањето на И.И. било пријавено од нивната сестра В.О. (44) на 28 јули, која заедно со сопругот забележала ископана земја покриена со ровка во помошниот објект, што ги натерало да посомневаат дека брат ѝ е закопан таму.

По пријавата, јавен обвинител, полиција и судски лекари извршиле увид и го пронашле телото. По вештачење, осомничениот С.И. бил уапсен и во службен разговор признал дека го сторил делото.

Mia Home Mavrovo