ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО ИГРОТЕКА: Позната скопкска игротека под лупа на инспекциите - пријавено вознемирување!

ИНЦИДЕНТ ВО ИГРОТЕКА: Позната скопкска игротека под лупа на инспекциите - пријавено вознемирување!

Сериозен инцидент е пријавен во угостителски објект во скопската населба Аеродром, каде 10-годишно дете пријавило несоодветно однесување од страна на вработен келнер.

Според информациите, детето кое престојувало во игротеката во рамки на објектот, отишло само до шанкот за да побара вода. Таму, како што се наведува, келнерот започнал разговор кој прераснал во вознемирувачка ситуација. Детето тврди дека било физички допрено и му биле упатени недолични барања.

По инцидентот, детето веднаш се вратило кај родителот, кој го пријавил случајот во полиција и во надлежното обвинителство. Според родителот, детето го препознало лицето, а биле прегледани и снимки од безбедносните камери, на кои наводно се забележува физички контакт.

Осомничениот, според изјавите, рекол дека комуникацијата била „на шега“, но родителите сметаат дека станува збор за сериозен случај кој бара целосно расчистување. Детето било однесено на разговор со психолог, при што покажало знаци на вознемиреност.

Родителите апелираат на зголемена внимателност, особено во објекти каде престојуваат деца, и бараат институциите да постапат соодветно. Од Министерство за внатрешни работи засега нема официјални детали за случајот.