ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕРИЈА ОБИДИ ЗА КРАЖБА ВО ТЕТОВО! На мета се нашле три џамии - еве колку лица се уапсени!

СЕРИЈА ОБИДИ ЗА КРАЖБА ВО ТЕТОВО! На мета се нашле три џамии - еве колку лица се уапсени!

Три обиди за тешка кражба и една извршена кражба во верски објекти биле пријавени во СВР Тетово, а во врска со случаите полицијата лишила од слобода 35-годишен жител на селото Јеловјане. Инцидентите биле пријавени на 17 октомври, а се однесуваат на настани што се случиле на 16 октомври на подрачјето на Тетово.

Според информациите од СВР Тетово, еден од случаите бил пријавен во верскиот објект „Фирдеус“, на улицата „Јужно од Вардар“. Во периодот од 16 до 17 октомври, непознато лице со употреба на физичка сила насилно го отворило подрумскиот прозорец и се обидело да ја отвори и подрумската врата. По неуспешниот обид, лицето го напуштило местото.

Обиди за провала и во Големата џамија и џамијата „Ески“

Вториот случај бил пријавен во Големата џамија, на улицата „Горна чаршија“. Според пријавата, околу 5:30 часот едно лице влегло во објектот и се обидело да го пронајде клучот. Потоа, со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило.

Третиот случај се однесува на џамијата „Ески“, на улицата „Пробиштипска“. Одговорното лице А. Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да отвори метален сеф и го оштетило. Сефот бил пронајден поместен под една столица.

35-годишник лишен од слобода во Тетово

По преземените оперативни мерки, полициските службеници на 17 октомври 2026 година, во 12:30 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово го лишиле од слобода Д. С. (35) од селото Јеловјане.

Тој е осомничен за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“, казниви според член 235 од Кривичниот законик.

Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести