Обилните снежни врнежи денеска предизвикаа сериозни нарушувања во сообраќајот во Холандија. Најпогоден е аеродромот Схипхол во Амстердам, каде се откажани околу 500 летови, а до пладне беше суспендиран и дојдовниот авионски сообраќај. Дел од летовите се пренасочени кон други аеродроми во регионот.
Железничкиот сообраќај во пошироката област на Амстердам е целосно во прекин, а на патиштата се бележат значителни доцнења и сообраќајни незгоди. Надлежните апелираат граѓаните да ги одложат патувањата освен ако не се неопходни, бидејќи неповолните временски услови се очекува да продолжат и во следните денови.
















