ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ПРИ ЛОВ: Тело пронајдено во 150-метарска бездна - ова се деталите!

ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ПРИ ЛОВ: Тело пронајдено во 150-метарска бездна - ова се деталите!
Kristal

Територијалната противпожарна единица од Кавадарци денеска интервенираше при извлекување на безживотно тело на жител од градот, кој го загубил животот по пад од карпа висока околу 150 метри за време на лов.

Од ТППЕ Кавадарци информираат дека веднаш по добиеното барање за помош била организирана интервенција со пет пожарникари, опремени со специјализирана алпинистичка опрема за работа на височина.

Во координација со четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови од семејството на починатиот, спасувачките екипи се упатиле кон исклучително непристапен и стрмен терен. Поради опасноста, пожарникарите се обезбедувале меѓусебно со алпинистичка техника за да се избегнат дополнителни несреќи.

По целодневен и напорен ангажман на тежок и лизгав карпест терен, телото било успешно извлечено и предадено на надлежните органи за понатамошна постапка.

Од ТППЕ Кавадарци изразија сочувство до семејството на настраданиот и потенцираа дека секогаш ќе интервенираат кога е загрозен човечки живот.

FixCredit
Escape