ПРВ.мк
Црна Хроника

Турски брод погоден во ракетен напад врз Одеса – ова се деталите!

Турски брод погоден во ракетен напад врз Одеса – ова се деталите!
Kristal

Турски товарен брод беше оштетен денеска во ракетен напад во пристаништето Одеса, објави компанијата „Ченк Денизчилик“, пренесуваат турските медиуми.

Според информациите, во инцидентот нема повредени лица, но по нападот на бродот избувнал пожар.

Бродот, кој превезувал камиони од турскиот град Карасу до Одеса, бил погоден во пристаништето Чорноморск веднаш по пристигнувањето.

Противпожарните екипи, заедно со екипажот на бродот, се ангажирани во гаснењето на пожарот и обезбедување на безбедноста на товарот, наведуваат турските медиуми.

FixCredit
Escape