ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОКАНТНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Еве колку лица загубија дел од прстите!

ШОКАНТНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Еве колку лица загубија дел од прстите!
Kristal

Министерството за здравство ја заврши кампањата за превенција од повреди со пиротехника, откривајќи загрижувачки бројки за последиците од невнимателното користење на петарди за време на новогодишните празници. Според официјалните податоци, седум лица – пет деца и двајца возрасни – претрпеле повреди со траен инвалидитет.

Лекарите од Универзитетската клиника за пластична хирургија и Ургентниот центар извршиле сложени медицински интервенции, кои вклучувале и ампутации на делови од прсти, како последица на експлозиите.

– „Овие седум интервенции се потсетник дека секоја повреда носи долг процес на лекување и трајни последици. Фактот што кај деца била потребна ампутација доволно зборува за сериозноста на ситуацијата“, истакнаа надлежните на денешната прес-конференција.

Министерството уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржуваат од користење на пиротехника и да се придржуваат кон безбедносните упатства, со цел да се спречат нови трагедии и да се заштити животот и здравјето на најмладите.

FixCredit
Escape