ПРВ.мк
Црна Хроника

Разбојништво во Македонија: Уапсен мигрант од Авганистан

Разбојништво во Македонија: Уапсен мигрант од Авганистан

СВР Струмица, преку ОВР Гевгелија, поднесе кривични пријави против 19-годишен мигрант од Авганистан и 17-годишен малолетен мигрант, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 20 јули, кога 62-годишен жител на селото Негорци пријавил дека околу 15 часот, на местото викано „Авлаќ“ во атарот на селото Прдејци, бил физички нападнат од две лица, кои му го одзеле мобилниот телефон.

По преземените оперативни мерки, полициски службеници ги пронашле осомничените во атарот на селото Прдејци. При преглед кај 19-годишникот бил пронајден одземениот мобилен телефон, по што тој бил лишен од слобода, додека малолетникот бил повикан во полициската станица.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, а по поднесувањето на кривичните пријави, осомничените биле изведени пред судија.

Основниот суд во Гевгелија му одредил мерка притвор на 19-годишниот осомничен, додека малолетникот ќе биде спроведен во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Случајот е во понатамошна постапка пред надлежните институции.