ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛ НА ПОПОВА ШАПКА: „Украле“ струја за цел град – деловен комплекс со невидена измама оштетил илјадници евра!

СКАНДАЛ НА ПОПОВА ШАПКА: „Украле“ струја за цел град – деловен комплекс со невидена измама оштетил илјадници евра!

Додека граѓаните внимаваат на секој потрошен киловат, на Попова Шапка се случувал вистински енергетски грабеж! Во заедничка акција на полицијата и „Електродистрибуција“, откриен е деловен комплекс кој со години работел „на диво“, директно приклучен на мрежата без ниту еден платен денар.

 Екипите од Тетово останале подзинати кога го виделе начинот на кој е извршено преземањето на струјата. Преку специјален нисконапонски кабел, комплексот бил директно поврзан со разводен ормар, заобиколувајќи ги сите броила и контроли. Ова не е обична „манипулација“ – ова е добро осмислена шема за крадење народни пари!

Штетата што е направена е фрапантна. Надлежните веќе изготвија фактура за надомест на штета во износ од неверојатни 1.361.599 денари (над 22.000 евра)! Дали е можно некој толку дрско да профитира на грбот на енергетскиот систем додека сите останати ги плаќаат солените сметки?

Против сопствениците е веќе поднесена кривична пријава според член 235-а од Кривичниот законик. Полицијата најавува дека нема да застане тука и дека „чешлањето“ на дивите приклучоци на зимските центри продолжува.

Кој се крие зад овој деловен објект и дали ќе има затворски казни за овој мега-скандал? Останува да видиме!

Најнови вести