ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЗНАТ МАКЕДОНСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА - Запленета голема количина роба!

ПОЗНАТ МАКЕДОНСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА - Запленета голема количина роба!

Инспектори од Одделението за економски криминал при СВР Тетово на 24 април 2026 година спровеле акциска контрола во трговски центар во Тетово, во периодот од 08:00 до 12:30 часот, како дел од активностите за сузбивање на недозволена трговија.

При контролата, од два бутика биле одземени околу 70 парчиња брендирана облека, вклучувајќи фармерки и маици, за кои постои сомнение дека се фалсификати на познати светски брендови.

Акцијата е реализирана поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена продажба“, согласно член 285 од Кривичниот законик. Надлежните институции најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.