ПРВ.мк

21-годишник прегазил малолетници во скопско

21-годишник прегазил малолетници во скопско
Jumbo Banner

На 24 април 2025 година, околу 21:15 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улица „10“ во село Миладиновци, скопско, возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. (21) од истото село, удрило во двајца малолетни пешаци.

Во сообраќајната несреќа, 14-годишен малолетник се здобил со тешки телесни повреди, додека 12-годишниот малолетник се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Возилото е одземено, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје. Во координација со јавниот обвинител, против Д.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран