Во раните утрински часови, околу 4 часот, избувнал пожар кој го зафатил шест возила на различни локации на иста улица во Скопје. Од неофицијални информации, две од возилата се целосно изгорени, додека четири се делумно оштетени.
Пожарот предизвикал и оштетување на дел од фасадата на блиската зграда, во чија непосредна близина биле паркирани возилата. Според првичните сознанија, постојат сомнежи дека пожарот е подметнат, а очевидци пријавиле дека се слушнале и детонации.
За среќа, при инцидентот нема повредени. Истрагата за причините и околностите на пожарот се уште е во тек, а властите засега не даваат конечни информации за тоа како пожарот започнал.

















