ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРЕВОЗУВАЛ 14 МЕТРИ ПРОСТОРНИ ОГРЕВНО ДАБОВО ДРВО БЕЗ ДОКУМЕНТИ! Полицијата го запрела кај Црвена Вода - еве каква казна му следува!

ПРЕВОЗУВАЛ 14 МЕТРИ ПРОСТОРНИ ОГРЕВНО ДАБОВО ДРВО БЕЗ ДОКУМЕНТИ! Полицијата го запрела кај Црвена Вода - еве каква казна му следува!

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривични пријави против две лица во врска со случај на транспорт на огревно дрво без соодветна документација и сомнеж за злоупотреба на службената должност.

Првопријавен е П.Ц. (44) од селото Ботун, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“. Второпријавен е И.К. (45) од Битола, кој се сомничи за кривично дело „Кражба“.

Според пријавата, П.Ц., кој работел како референт за превоз во Шумското стопанство „Галичица“ – Охрид, наводно постапил спротивно на службените обврски и должности. Тој му го предал чеканот за жигосување на второпријавениот, со што му овозможил да го користи при сечење и обележување дрвна маса, без да обезбеди соодветна контрола и проверка на потеклото на дрвото.

Дополнително, според наводите во пријавата, не била издадена соодветна испратница за транспорт на дрвната маса од местото на сеча до соодветниот магацински склад.

На 26 септември 2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале И.К. во близина на селото Црвена Вода, Општина Дебрца, како со товарно возило „Сканиа“ со битолски регистарски ознаки превезува 14 просторни метри огревно дабово дрво без да поседува соодветна документација.

Дрвата биле одземени и предадени на претставници на Шумското стопанство „Галичица“.

По поднесените кривични пријави, случајот ќе продолжи да се процесуира согласно законските процедури.

Најнови вести