ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СВЕТИ НИКОЛЕ – КУМАНОВО: Судир на комбе и камион, 11 лица завршија во болница

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СВЕТИ НИКОЛЕ – КУМАНОВО: Судир на комбе и камион, 11 лица завршија во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат Свети Николе – Куманово, при што се судриле комбе и камион.

Според првичните, неофицијални информации, во несреќата се повредени 11 лица. Тие со возила на Итната медицинска помош биле итно пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што им е укажана лекарска помош.

Засега нема официјални детали за степенот на повредите, ниту за причините што довеле до судирот. Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги утврди сите околности околу несреќата.

Патниот правец во текот на увидот бил делумно затворен и се одвивал со наизменично пропуштање на возила. Од институциите се очекува официјално соопштение со повеќе информации.

Несреќата предизвика вознемиреност кај возачите и повторно ја отвори темата за безбедноста на овој дел од патната мрежа.