ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата пресече сомнителна акција: Струмичанец фатен со неверојатна количина кокаин!

Полицијата пресече сомнителна акција: Струмичанец фатен со неверојатна количина кокаин!

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против лице со иницијали Б.П. (68) од Струмица, поради сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ согласно член 215 од Кривичниот законик.

Според информациите, на 2 април 2026 година во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на лицето и на патничко возило со струмички регистарски ознаки кое тој го управувал. При контролата биле пронајдени пакувања со околу 50 грама кокаин.

По откривањето на дрогата, лицето било задржано во полициската станица во Струмица, а по предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, било изведено пред судија од Основниот суд Струмица. Судот му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Институциите продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.