ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛЕДЕЊЕ БЕЗ ДОЗВОЛА: Скопјанка открила дека поранешниот ја следи - еве како го направил тоа!

СЛЕДЕЊЕ БЕЗ ДОЗВОЛА: Скопјанка открила дека поранешниот ја следи - еве како го направил тоа!
Kristal

На 14.03.2026 година во 02:30 часот, 49-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека на 13.03.2026 во нејзиното возило, додека било во автомеханичарски сервис, бил пронајден уред за следење. Жената посочила дека најверојатно уредот го поставил нејзиниот сопруг А.С., со кого биле во бракоразводна постапка. Надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во текот на изминатите денови во државата биле евидентирани вкупно 11 пријави за семејно насилство. Од нив, шест лица се лишени од слобода, а со две лица бил извршен службен разговор.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo