ПРВ.мк
Балкан

ЗА ОВИЕ ПРЕКРШОЦИ ПОЛИЦИЈАТА ПРСРЕТНУВА НА АВТОПАТ: Нов систем на камери на патот до море, еве ги и точните локации!

ЗА ОВИЕ ПРЕКРШОЦИ ПОЛИЦИЈАТА ПРСРЕТНУВА НА АВТОПАТ: Нов систем на камери на патот до море, еве ги и точните локации!

Ако ова лето патувате за Грција преку Северна Македонија, обрнете внимание, бидејќи сообраќајните камери од границата со Србија, низ Северна Македонија па сè до преминот Богородица/Евзони, ги евидентираат и возилата со странски таблички, а прекршоците веднаш ги испраќаат до полициските патроли и пресретнувачите кои можат да ве запрат на патот.

Имено, како што пишува „Грција инфо“ (Grčka info), камерите од системот „Safe City“ (Сејф сити) во Северна Македонија ги регистрираат и возилата со странски таблички, но казните не се наплатуваат ниту се евидентираат на граница како што беше најавувано претходно, туку информациите за прекршоците веднаш се испраќаат до полициските патроли и пресретнувачите кои можат да ве запрат на патот.

Најмногу камери има на Коридорот 10 кон Грција, а вкупно се пет кои го бележат пречекорувањето на брзината, и тоа на следните локации:

  • пред исклучувањето за Скопје
  • околу одморалиштето „Бастион Плаза“ (Bastion Plaza)
  • после Велес
  • зад четвртата наплатна рампа и
  • пред самата граница со Грција

Камерите ги покриваат и Куманово, Тетово и речиси сите поголеми крстосници во Скопје, наведува популарната страница која се занимава со случувањата во Грција.

Иако казните за странски возила сè уште не се испраќаат автоматски, тоа не значи дека ќе ја избегнете казната, наведуваат тие. Напротив, полицијата може да ве запре веднаш откако камерата ќе го евидентира прекршокот.

Совет за патниците

На патниците им се советува особено да внимаваат на делниците со ограничување на брзината од 70 км/ч – таму најчесто стојат патроли и радари и ги има на повеќе места по должината на патот, најчесто зад кривини, објави претходно Инстаграм страницата Nikana.gr.

Го намалија ограничувањето на брзината на 30 км на час

Пречекорувањето на брзината при возење е еден од најчестите прекршоци, па затоа некои земји се одлучија да го намалат ограничувањето на брзината во населените места. Доколку патувате во Грција, ова би требало да го знаете за да не дојдете во ситуација да бидете санкционирани.

Грчката полиција од почетокот на оваа година применува ново ограничување на брзината во станбените населби, кое од 50 км на час е намалено на 30 км на час. Се применува на сите градски улици со по една сообраќајна лента во секоја насока. Напоменуваат дека исклучок се еднонасочните улици со најмалку две сообраќајни ленти, како и двонасочните сообраќајници кои имаат по две ленти во секоја насока или разделна сообраќајна лента (остров) – на нив ограничувањето и понатаму останува 50 км на час.

Грците ги поострија казните: Масовно го намалија ограничувањето на 30 на час, казната е 700 евра, се одзема и дозволата.

Казни и во Бугарија

Слична е ситуацијата и во Бугарија, доколку се одлучите преку неа да стигнете до Грција, каде исто така не е дозволено пребрзо возење. На автопатот во Бугарија кој води кон Грција, исто така постојат камери за контрола на брзината.

Казните се движат од 25 евра за помало пречекорување, па сè до 307 евра за пречекорување поголемо од 50 км/ч, со можност и за затворска казна.

Затоа возете внимателно, почитувајте ги ограничувањата на брзината и сообраќајните прописи, бидејќи најважно е на одмор да стигнете безбедно!