При претресот биле пронајдени и одземени околу 5,5 килограми канабис, 30,5 грама амфетамин и 140 грама креатин.
Осомничените биле затекнати во куќа каде што сечеле и пакувале делови од растенија што наликувале на канабис.
Полицијата денеска ги уапсила С. М. (37) од Чачак и Ѓ. М. (31), по извршениот претрес на стан во Чачак.
Осомничените биле затекнати во куќа во сопственост на мајката на С. М., каде што сечеле и пакувале исушени делови од растенија за кои се сомнева дека се наркотична дрога – канабис.
При претресот на просториите на наведената и на уште две локации, биле пронајдени и одземени околу 5,5 килограми канабис, 30,5 грама амфетамин, 140 грама креатин за зголемување на телесната маса, како и прецизна вага на која имало траги од амфетамин.
Осомничените биле задржани за понатамошно постапување од страна на надлежните органи.







