ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) УЗБУНА НА БАЛКАНОТ: Силна експлозија во големо пристаниште, се е опколено, активиран планот „црвена интервенција“

(ВИДЕО) УЗБУНА НА БАЛКАНОТ: Силна експлозија во големо пристаниште, се е опколено, активиран планот „црвена интервенција“

Во романското пристаниште Констанца во тек е узбуна, каде што е пријавена експлозија на поморски дрон.

Властите го активираа планот „Црвена интервенција“, а според првичните информации, нема жртви, пренесува романскиот портал „Диги 24“ (Digi 24).

Како што е наведено, премиерот на Романија е известен и планирано е по седницата на Владата да замине во Министерството за внатрешни работи. Истовремено, претседателот на Романија, Никушор Дан, исто така бил известен за инцидентот додека бил во авионот со кој лета за Црна Гора на самитот ЕУ-Западен Балкан.

„Диги 24“ наведува дека дронот, веројатно со украинско потекло, бил во близина на нафтениот терминал. Подрачјето е изолирано од раните утрински часови, а екипи на полицијата и жандармеријата се на лице место.

Објектот бил забележан утринава околу 5:00 часот, во областа каде што се наоѓа седиштето на Романската агенција за спасување човечки животи на море. Како што пишува романска „Либертатеа“ (Libertatea), дронот експлодирал околу 10:30 часот.

Експлозијата била доволно силна за да ја слушнат неколку сведоци, според информациите што ги објавија „Фокус Прес“ (Focus Press) и „Зиуа де Констанца“ (Ziua de Constanta).

„Според зборовите на сведоците, дронот експлодирал неконтролирано, а по експлозијата избувнал пожар“, известува „Зиуа де Констанца“.

„Поморскиот дрон кој беше откриен утринава, 5 јуни, во цивилното пристаниште Констанца, во близина на седиштето на Романската агенција за спасување животи на море, се самодетонираше околу 10:30 часот, без никакви жртви“, соопшти Министерството за национална одбрана.

Поморскиот дрон бил „од типот што се користи во војната во Украина“, според наведениот извор.

Министерството за одбрана прецизира дека дронот не е дел од опремата на Романската војска и дека не бил вклучен во неодамнешните вежби што ги организираше Министерството за одбрана во областа на Црното Море.

„Ситуацијата е динамична и ќе се вратиме со информации и официјални податоци штом ќе бидат достапни“, соопштија исто така од Министерството за национална одбрана.

„Украинскиот дрон припаѓал на група од 5 дронови“

Украина ја известила Романија дека поморскиот дрон што експлодирал во црноморското пристаниште Констанца бил дел од група од пет дронови, изјави окружниот управник Адријан Теодор Пикоју.

Тој додаде дека еден дрон експлодирал во Констанца, друг во Украина, а во тек е потрага по преостанатите три, пренесе порталот „Ге фор медија“ (G4Media).

Според извори цитирани од телевизијата Диги24, уште четири поморски дронови биле пронајдени во близина на брегот.

ВИДЕО

Најнови вести