ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Судири во Нови Сад по комеморацијата – напнатост настана уште на почетокот!

(ВИДЕО) Судири во Нови Сад по комеморацијата – напнатост настана уште на почетокот!

Денеска се навршуваат 10 месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога по уривање на настрешница загинаа 16 лица. Во знак на сеќавање, граѓанските иницијативи повикаа на 16 минути тишина точно во 11:52 часот – време кога се случи несреќата. Дополнително, вечерва е најавена комеморативна прошетка на средношколци низ центарот на градот.

Сепак, утрово ситуацијата стана напната околу Факултетот за спорт и физичко образование, каде три маскирани лица насилно влегоа во зградата, кршејќи прозорци, додека студентите биле заклучени внатре. Полицијата интервенираше, но на самиот влез дојде до физички судири меѓу граѓани и припадници на полицијата.

Академската мрежа „Слободен универзитет“ го осуди инцидентот, нагласувајќи дека присуството на полиција и блокадата на пристапот до факултетот претставуваат сериозно нарушување на автономијата на универзитетите и кршење на студентските права.

Граѓаните, семејствата на настраданите и студентските организации бараат одговорност од надлежните институции за несреќата, но и за постапките на безбедносните служби во денешниот настан.

ВИДЕО

Escape