Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), Марко Кричак, е уапсен утринава по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Кричак ја извршуваше функцијата началник на УКП нешто повеќе од една година, а пред да застане на чело на оваа управа, тој раководеше со Единицата за заштита на лица и објекти. Засега надлежните институции најавуваат повеќе детали за причините и околностите околу неговото лишување од слобода.







