ПРВ.мк

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани
Jumbo Banner

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи рачно изработени сувенири, слатки и цртежи.

„Ги учиме децата да бидат пред сè добри луѓе – да веруваат во добрината, да се стремат кон неа и да ја создаваат!“, изјави Марија Иванова, директорка на училиштето „Цар Симеон Велики“ од селото оддалечено 12 километри од Софија.

Училишниот тим сподели дека децата биле длабоко трогнати од трагедијата во Кочани и побарале да се смени првичната цел на базарот за да можат да им помогнат на настраданите и нивните семејства и да ја покажат својата солидарност.

Раководството на училиштето наскоро ќе соопшти детали како точно ќе се трошат собраните средства, објавија бугарските медиуми.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран