ПРВ.мк
Балкан

УАПСЕН ВОЈНИК ЗА ШПИОНАЖА: Осомничен дека оддавал тајни на странска суперсила!

УАПСЕН ВОЈНИК ЗА ШПИОНАЖА: Осомничен дека оддавал тајни на странска суперсила!
Kristal

Припадник на вооружените сили на Грција беше уапсен во четврток под сомнение дека оддавал доверливи информации на „трети страни“. Според пишувањето на грчките медиуми, дел од тие информации наводно биле проследувани до странска суперсила која се смета за еден од најголемите ривали на Соединетите Американски Држави, објавува „Екатимерини“, пренесува Скопје1.мк.

Осомничениот, чие име засега не се соопштува, извршувал, како што се наведува, „клучна“ функција во системот и се сомничи дека се обидувал да регрутира и други лица како дел од потенцијална шпионска мрежа.

Тој подолг временски период бил под надзор на Националната разузнавачка служба на Грција (ЕЈП), која со месеци го следела неговото однесување пред да дојде до апсењето. Според сознанијата од истрагата, властите реагирале откако било забележано значително засилување на неговите активности.

Истражителите наведуваат дека тоа вклучувало зголемен обем на информации што ги споделувал, како и обиди да стапи во контакт со други припадници на војската, со цел да обезбеди пристап до чувствителни и доверливи материјали.

Надлежните институции предупредуваат дека евентуалното протекување на вакви информации можело да претставува сериозна закана за националната безбедност. Засега не се објавуваат дополнителни детали за природата на доверливите материјали, ниту за идентитетот на лицата или државите на кои им биле доставувани.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo