Едно лице го загуби животот во пожар што утринава избувнал во стан во населбата Боровје во Загреб, соопшти загрепската полиција.
Пожарот бил пријавен околу 3:40 часот, по што веднаш на местото биле испратени противпожарни екипи и полиција.
Пожарникарите брзо реагирале и успеале да го изгаснат пожарот, но во станот било пронајдено безживотно тело на едно лице.
На местото на трагедијата се врши увид, а полицијата ќе ги утврдува причините за избувнувањето на пожарот и сите околности под кои се случила несреќата.








