ПРВ.мк
Балкан

Словенија под удар на жестока бура – ветер руши дрвја, 6.000 домови без струја

Словенија под удар на жестока бура – ветер руши дрвја, 6.000 домови без струја
Escape

Словенија денеска беше погодена од силна бура проследена со обилен дожд, урагански ветрови и град. Штетите се веќе евидентни низ неколку региони, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија. Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за најголемиот дел од земјата.

Бурата најпрво удри врз западните делови на Словенија, блиску до италијанската граница, а потоа се прошири кон источниот дел на државата. Најпогодени беа подрачјата Бовец и Кобарид, а потоа невремето се пресели кон Крањ и Камник.

Во Љубљана, бурата удри со краткотрајни, но интензивни поројни врнежи и силен ветер кој кршеше гранки, оштети дел од објектите и остави над 6.000 корисници без струја. Упадот на бурата предизвика прекин во сообраќајот – паднати дрвја го блокираа автопатот кон Долењска и Приморска, како и обиколницата околу Љубљана.

Возачите се повикуваат на екстремна внимателност. Според најновите прогнози, бурата се движи кон областа Штаерска, но се очекува постепено да ослабне и атмосферата да се смири по 21 часот, информира Н1.

Mia Home Mavrovo