ПРВ.мк
Балкан

Се приближува најстудената зима во последната декада – снегот ќе падне порано од вообичаеното!

Се приближува најстудената зима во последната декада – снегот ќе падне порано од вообичаеното!

Метеоролозите прогнозираат дека претстојната зима би можела да биде најстудената во последните 15 години, особено за регионот на Балканот.

Според најновите анализи на „Severe Weather Europe“ и Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), се очекува зима со просечни врнежи од снег во Европа, но централниот Балкан – вклучувајќи ја Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија – ќе добие повеќе снег од вообичаено.

До тогаш, есента ќе биде релативно блага и сувa, со температури над сезонскиот просек. Иако се очекуваат помалку врнежи, можно е повремено да има краткотрајни, но обилни дождови.

Според домашните метеоролози, првите снежни врнежи на планините би можеле да се појават веќе на 10 октомври, додека првиот снег во пониските места може да се очекува во текот на ноември, поради најавен продор на студени воздушни маси од север.

Во споредба со изминатите години, оваа зима се очекува да биде постудена и со подолги снежни периоди, што навестува предизвици и за енергетскиот и сообраќајниот систем.

Escape