Фестивалот во грчкото место Метаморфози заврши со хорор сцени рано утрото во саботата. Она што започнало како банална расправија околу зборовите „Зошто ме гледаш така“ ескалирало во масовна тепачка меѓу дваесетина Албанци.
Според првичните информации, кавгата брзо прераснала во хаос со ножеви, оставајќи четворица тешко повредени – тројца Албанци и еден Грк.
Меѓу повредените има двајца млади Албанци со убоди во градите и ребрата, еден Грк кој добил рана во грбот додека се обидувал да раздели, како и уште еден Албанец со тешки повреди на раката и лицето.
Сцените на насилство предизвикале паника кај присутните настанот, додека повредените итно биле пренесени во болница.